Каква Србија, страшна Србија. Кошаркарската репрезентација на Србија го започна Европското првенство на повеќе од убедлив начин.

Во натпреварот од 1. коло од Групата А во Рига, „Орлите“ ја декласираа Естонија со резултат од 98:64 (32:12, 24:17, 30:15, 12:18).

Србија ќе го игра натпреварот од второто коло во петок во 20:15 часот, а ривал е Португалија, која на стартот победи против Чешка.

Во третиот натпревар во рамките на групата, Турција го победи домаќинот Латвија.