Спортското документарно филмско остварување “Први до Четврто” доби “Golden Gondola, прва награда за високи морални вредности во спортот” на престижниот филмски фестивал во Златибор, Србија.

Филмот е дело на продуцентот Саша Каталиниќ, сценарио и режија Игор Ивановски и камера и монтажа Матеј Mилев.

Фестивалот во Златибор е еден од најпрестижните во регионот. Наградата добива на тежина ако се знае дека е добиена во конкуренција од над 200 филмови и продукции како ХТВ, РТС. Листата на сите наградени погледнете ја на официјалната страница на фестивалот.