Ноелија Лопез, сопругата на трагично загинатиот фудбалер Рејес не може да се помири со загубата. Таа на Инстаграм објави емотивна порака во која му порачува дека не може да издржи и оти наскоро ќе се видат.
Ти си љубовта на мојот живот, не можам да ја поднесам болката. Ќе се видиме наскоро, бидејќи јас и ти ќе бидеме засекогаш заедно – напиша Ноелија.
Трагедијата да биде поголема тие пред една недела ја прославија годишнината од бракот. Имаат и две ќерки, Ноелија (6) и Триана (2).
Инаку, ова не е единствената несреќа што ја снајде Ноелија во последно време. Во 2015 година таа го загуби помалиот брат, кој на негови 25 години почина од тешка болеста. Во негова чест таа на левото рамо го има истетовирано неговото лице.
Comments are closed for this post.