Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека раководството на клубот верува во него. Тој потврди дека клубот има план да го зајакне составот во зимскиот трансфер прозорец.

– Јас имам тригодишен договор со Манчестер јунајтед. Затоа, очигледно е дека работиме долгорочно. Јас сум сто проценти сигурен во организацијата на нашата работа. Тука последниот збор е секогаш до тренерот. И веќе имаме план за трансфери, изјави Солскјер за „Скај спортс“.

Под водство на Норвежанецот, Манчестер по осум кола во Премиер лигата има само девт бода и се наоѓа на 12. место.