Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека не очекува клубот да биде активен во летниот преоден рок.
– Пандемијата дефинитивно ги погоди сите во фудбалот. Секој доживува недостаток на приход. Треба да бидете реални и да преземете одговорност за вашиот бизнис. Каде можеме да потрошиме пари? Колку? Се е променето. Имаме фудбалери од академијата кои сега можат да ја добијат својата шанса, го цитира Солскјер порталот „Goal“.
Манчестер Јунајтед е втор во поредокот во Премиер лигата со 50 бода по 26 одиграни натпревари
Comments are closed for this post.