Јапонката Наоми Осака е нова шампионка на Австралија Опен и новата лидерка на светската ВТА листа.
Јапонката, која беше четврта носителка на првиот Гренд-слем турнир за годинава, победи со 7:6 (2), 5:7, 6:4 против осмата носителка, чешката тенисерка Петра Квитова, во возбудлив дуел на „Род Лејвер Арена“.
Дуелот беше и директен дуел за првото место на светската ранг-листа, а со триумфот, Осака ја замени досегашната лидерка и минатогодишната финалистка во Мелбурн, Симона Халеп.
What a moment. @Naomi_Osaka_ wins her second Grand Slam in a row 🏆🏆#AusOpen pic.twitter.com/9TTskXIH9E
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 26, 2019
Comments are closed for this post.