Џенин Флок и Лиза Буквиќ стекнаа голема популарност уште пред Игрите во Кина

Зимските олимписки игри во Пекинг се во фокусот на светската спортска јавност. Вниманието на медиумите особено го привлекоа две натпреварувачки, Австријката Жанин Флок и Германката Лиза Буквиќ, бидејќи позираа за познатиот „Плејбој“.

Жанин Флок ќе ја претставува Австрија во скелет, спорт во кој спортистите лежат на санки на стомак. Лиса Буквиќ ќе се натпреварува за Германија во боб двосед, откако го освои олимпиското злато на последните игри.

 

Со своите разголени фотографии, двете спортистки сакаат да ги поттикнат другите жени да постигнат позитивна слика за своето тело. Рекоа дека пред камера почувствувале голем наплив на адреналин, како пред големо натпреварување.