Петта година по ред, млади спортисти од целиот свет ќе се сретнат за да ги покажат своите вештини во уметничко лизгање на натпреварот „Скопје на мраз“.
Настанот ќе се одржува на 19 и 20 февруари, но поради пандемијата ќе биде без публика.
Сепак, обезбеден е видео пренос во живо преку Фејсбук настанот на македонската Федерација за лизгачки спортови, со почеток во 19 часот.
Целта на настанот е да се популаризира уметничкото лизгање во државата и на тој начин да се поттикнат што е можно повеќе деца и млади да застанат на мразот и да почнат да се занимаваат со овој спорт.
Comments are closed for this post.