Ракометната и спортската публика во Македонија во трескавична атмосфера дишеше за и со ракометарите на Вардар во нивниот пат кон шампионскта титула во Европа.

Секој постигнат гол на „црвено-црните“ беше поздравуван со бурен аплауз и извици на радост, но и секој примен гол предизвикуваше тага, гнев и клетви за помислата дека Веспрем може да се врати во игра ида му ја отјрадне титулата на македонските ракометни херои.

Кулминацијата, секако, дојде на крајот кога стана јасно дека Вардар е новиот европски шампион, кога од сите страни почнаа да ечат скандирањата и песните за Вардар, новиот европски шампион.