Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик (20), седна во болидот на Ферари изминатиот викенд во Бахраин и со тоа ги исполни повеќегодишните очекувања на навивачите на „Црниот коњ“ и поголемиот дел од љубителите на Формула 1.
Младиот Германец на денот за тестирање на болидот го провозе црвениот едносед, а многумина овој момент го прогласија за почеток на нова ера во Формула 1.
Сето тоа од близина внимателно го следеше неговата мајка и сопруга на Михаел, Корина Шумахер.
Мик Шумахер одамна го следат прогнозите дека генетскиот код наследен од славниот татко и шампионската репутација која ја градеше во формула од пониските класи, ќе дојде до израз еден ден.
За сега, Шумахер јуниор актуелниот шампион во Формула 3 и еден од главните фаворити во Формула 2, каде во првите две трки го зазема осмото и шестото место, но и фактот дека седна зад воланот на Ферари на денот за тестирање, најавува револуцијаа во „најбрзиот циркус“.
Comments are closed for this post.