Македонската фудбалска репрезентација првпат на ЕП
Македонската фудбалска репрезентација првпат учествуваше на Европско првенство. Првиот натпревар го игравме во Букурешт против селекцијата на Австрија. Македонската репрезентација играше во Ц групата со селекциите на Холандија, Украина и Австрија. Македонија заврши на претпоследното 24-то место на првенството.
За разлика од претходните првенства овој шампионат се играше низ цела Европа, домаќини беа 11 градови: Амстердам, Баку, Будимпешта, Букурешт, Глазгов, Копенхаген, Лондон, Минхен, Рим, Севиља и Санкт Петербург.
Македонската фудбалска репрезентација учеството на ЕП го обезбеди по победата врз Грузија на баражот во Тбилиси на 12 ноември. Стрелец на победничкиот гол беше Пандев во 56. минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.
Сребро во теквондо на Олимпијадата во Токио
Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во теквондо, во категорија над 80 килограми, на Олимписките игри во Токио, откако во финалето загуби од Русинот, Владислав Ларин, најдобро рангираниот натпреварувач на турнирот.
Георгиевски го освои првиот медал на Олимписки игри за Македонија по пауза од 21 година. На патот до финалето, Георгиевски ги совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба со 11:8, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4 и Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.
Comments are closed for this post.