Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, смета дека напаѓачот на тимот Кристијано Роналдо нема да има време да закрепне од повредата до четвртфиналниот натпревар во Лигата на шампионите со Ајакс, информира прес-службата, на италијанскиот првак.

Првиот натпревар од четвртфиналето помеѓу Јувентус и Ајакс ќе се одигра на 10 април.

Португалецот закрепнува од повредата на бутниот мускул заработена на 26 март кога настапи за националниот тим во квалификациите за Евро 2020 против Србија (1:1).

Кристијано напорно работи на враќање на теренот. Иако ее надеваме дека тој ќе има време да се подготви за натпреварот против Ајакс, тоа ќе биде многу тешко. Шансите за такво нешто се минимални, изјави Алегри.

Во тековната сезона, 34-годишниот Роналдо одигра 36 натпревари за Јувентус, постигна 24 гола и оствари 12 асистенции.