Дури седум играчи на Реал Мадрид можно е да го напуштат Сантјаго Бернабеу ова лето, пишуваат шпанските медиуми.
Станува збор за фудбалерите Кејлор Навас, Хесус Ваљехо, Марсело, Иско, Лука Модриќ, Маријано Дијаз и Герет Бејл, кои можат да си заминат по крајот на сезоната. Се верува дека тие веќе не се способни да играат на највисоко ниво, така што ќе се бараат нивни алтернативи.
„Лос Бланкос“ се четврти во Ла Лигата, со десет поени зад лидерот и вечен ривал Барселона.
Играчите од Мадрид се и во четврт финалето на Купот на Шпанија и осминафиналето во Лигата на шампионите.
Минатата година тимот, предводен од Сантјаго Солари, го освои Светското клупско првенство.
Comments are closed for this post.