Заврши серијата на Ливерпул од 18 последователни победи и 44 меча по ред без пораз во Премиер лигата!
Тимот од Мерсисајд беше совладан со 0-3 од тимот на Ватфорд, кој пред ова коло беше рангиран на претпоследното место во рангот.

Два гола на Исмаил Сар (54′, 60′) и еден на Троин Дини (72′) го донесоа заслужениот успех на „стрѓлените“ на „Викариџ роуд“.

Ливерпул го одигра својот најслаб натпревар по подолго време и го претрпе својот прв пораз уште од почетокот на јануари 2019 година, кога загубија со 1:2 од Манчестер Сити.

Со исклучок на еден удар во гредата на Адам Лалана, „црвените“ не создадоа речиси ништо интересно во предните позиции, а во одбраната делуваа невообичаено концентрирано.

Така, тимот на Јирген Клоп не успеаја да го подобрат рекордот на Манчестер Сити за најмногу последователни победи во Премиер лигата. Двете екипи остануваат со 18 последователни успеси