Здружението на професионални кошаркари во Евролигата, упати барање до раководството на натпреварувањето, да ги отстранат рекламните лепенки од теренот бидејќи се потенцијална опасност за повреди.

Со играчите се сложува и и тренерот на Химки, и поранешен кошаркар Римас Куртинаитис.

– Многу години по ред предупредувам за овој проблем. Порано рекламните лепенки беа за еднократна употреба, се лепеа и не се вадеа цела сезона. Сега се случува честа нивна промена и тоа остава белег. Според мое мислење, 80 отсто од повредите на играчите се  како резултат од лизгање по нив. Тренерите и самите кошаркари многу зборуваат за тоа, но никој не нѐ слуша. Јас сум за целосно отстранување или враќање на налепници за еднократна употреба. Да, тоа е поскапо. Но, кога клубот плаќа за кошаркар многу пари, а потоа го губи заради технички проблеми, тоа е крајно глупаво, изјави Куртинаитис