По кратки преговори, фудбалскиот клуб Партизан се договори со поранешнито српски репрезентативец, Саво Милошевиќ, да биде нов тренер на тимот.
Веста ја потврдија и од белградскиот клуб, од каде информираа дека промоцијата на 45-годишниот Милошевиќ ќе биде в четврток, по што новиот предводник на „црно-белите“ ќе биде целосно посветен на следните предизвици на клубот.
Поради важноста на натправарите во следниот период, на коишто ќе биде сконцентриран новиот шеф на стручниот штаб, ќе ги заврши своите медиумски обврски на денот кога ќе биде неговата презентација“ – се нведува во соопштението на Партизан.
Во Партизан, Саво Милошевиќ ќе го има своето деби како самостен предводник на некоја екипа, а на таа позиција ќе го замени досегашниот вршител на функцијата, Жарко Лазетиќ. Единстевното негово тренерско искуство е тоа кога му беше помошник на Бранко Брновиќ во стручниот штаб на репрезентацијата на Црна Гора.
Пред да се договори со Партизан, Милошевиќ, беше потпретседател на фудбалската федерација на Србија, позиција што ја напушта за да замине меѓу „црно-белите“.
Првиот натпревар во новата улога, Милошевиќ ќе го има против Напредок во Крушевац во недела, во рамките од 28 коло од Суперлигата на Србија.
Comments are closed for this post.