Не стивнуваат реакциите по синоќешниот меч помеѓу Србија и Англија во Белград. Англичнаните победија со 5-0 а српските фудбалери не упатија ниту еден шут. Српските медиуми пишуваат дека во поново време само Македонија примила повеќе голови од Англија.Пред две години во Манчестер Англија ја победи Македонија со 7-0 во Манчестер.
Селекторот на Англија, Томас Тухел, им оддаде признание на неговите избраници за убедливата победа над Србија.
Англичаните синоќа во Белград во доминанта игра ја совладаа Србија со 5:0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година.
– Беше чиста тимска работа. Игравме со голем интензитет и ја покажавме нашата вештина. Мислам дека не ѝ дозволивме на Србија да упати ниту еден удар кон голот, а тоа бара многу труд, многу интензитет и некоја невидлива работа за која обично не добивате пофалби, изјави Тухел за сајтот на УЕФА.
Англија има 15 бода и е лидер во Групата К. Србија е на третото место со седум бода.
Comments are closed for this post.