Фризерот од Нови Сад познат по името Марио Хвала е познат по своите тетоважи-фризури, а сега во пресрет на Европското првенство.

Марио ја „украси“ главата на својот модел со неверојатен портрет на фудбалската суперѕвезда од Франција, Килијан Мбапе!

Фризерот ги привлече светските медиуми, а една од популарните страници посветени на фудбалот на Инстаграм „433“ објави видео кое набрзо достигна повеќе од 15 милиони прегледи!

Марио вели дека тетоважата ја правел 8 часа и 15 минути и дека го избрал Мбапе поради неговата популарност.

Негова специјалност е и Меси но можете да изберете фудбалер по своја желба.