Репрезентацијата на Македонија без многу мака дојде до првата победа во Лигата на нации со 2-0 славеше на гостувањето кај Гибралтар во рамки на 2.коло.
Македонските фудбалери одиграа рутински натпревар и славеа без преголеми проблеми. Селекторот Благоја Милевски имаше неколку измени , а им даде шанса за деби на дефанзивецот Никола Серафимов и голманот Дени Илиев.
Водство на Македонија и донесе Енис Барди во 21.минута по еден прекрасен соло продор во противничкиот шеснаесетник. Вториот гол за нашиот тим беше дело на Бобан Николов во 84.минута
Comments are closed for this post.