Фудбалската репрезентација на Португалија синоќа стигна во Сплит, каде што утревечер ќе гостува кај Хрватска во меч од Лигата на нациите, а тимот е предводен од суперѕвездата Кристијано Роналдо. Играчот на Јувентус, но и останатите Португалци се максимално заштитени со невидени мерки на обезбедување.
Роналдо од авион излегол последен, опкружен со четворица телохранители, на аеродромот имало и припадници на специјалните единици на хрватската полиција, а доближувањето до португалската делегација е забранет, никој не смее да се доближи на помалку од десет метри. Во хотелот каде престојуваат, прозорците се залепени со темна хартија за да не бидат фотографирани фудбалерите, а околу хотелот има полиција.
Comments are closed for this post.