Кристијано Роналдо даде интересно интервју за „Ел Паис”, во кое ги откри своите впечатоци од првата година во дресот на Јувентус.
Португалската ѕвезда не ја отфрли можноста да се фокусира на тренерската професија, откако ќе стави крај на активната кариера.
Јас секогаш пристапувам на работата на ист начин. Треба да бидеш смирен и да запомниш, дека не знаеш сè. Ако си паметен, можеш да учиш мали нешта, што те прават подобар како спортист. Јас се адаптирав одлично на Јувентус, изјави Португалецот.
Иако започна неколку деловни проекти, Роналдо не ја исклучува можноста да стане тренер.
Зошто да не станам тренер кога ќе завршам со фудбал?“, додаде освојувачот на пет „Златни топки“.
Comments are closed for this post.