Германецот Кристијан Дисингер е нов член на македонскиот ракометен шампион Вардар. Дваесет и шест годишниот ракометар е веќе во Скопје каде треба да ги мине лекарските прегледи пред да и се приклучи на екипата, соопшти РК Вардар.
Тој ќе биде првиот германски репрезентативец што потпишува за „црвено-црните“.
Дисингер е седмото засилување на Вардар оваа сезонава.
Пред неколку денови тој го раскина договорот со бундеслигашот Кил каде настапуваше последните сезони. Со Кил го освои германскиот куп, а како дел од репрезентацијата на Германија во 2016 година стана европски сениорски првак. Со националниот тим го освои и бронзениот медал на летните олимписки игри во 2016 година.
Comments are closed for this post.