Капитенот Стефан Ристовски вети максимална ангажираност на сите фудбалери за успешен резултат против Ерменците.
– Голема чест за мене е што сум капитен на оваа репрезентација и благодарност до селекторот што ми ја даде довербата. Но, јас ќе кажам дека сите треба да бидеме пример како се носи дресот и да даваме максимум за својата држава. Фудбалот е веќе до степен да немаме многу време за размислување, кратко време за подготовки, три натпревари, имаме промени во составот, но доволно сме професионалци да продолжиме каде што застанавме. На теренот нема поделба на стари и млади. Сите треба да одговориме на предизвикот. Без разлика на промените доаѓаме од ЕП и мислам дека треба да гледаме позитивно и тоа да ни биде поттик за уште подобри резултати, изјави новиот македонски капитен на официјалната прес-конференција во Скопје
Comments are closed for this post.