Репрезентативниот голман, Даниел Божиновски, е позитивен на корона вирусот и нема да биде во составот на македонската репрезентација за баражот за пласманот на Европското првеснтво против Грузија на 12 ноември, како ин за дуелите од Лигата на нации против Естонија (15 ноември) и Ерменија (18 ноември).

Голманот на Силекс во неделата при пристигнувањето во Скопје беше подложен на тестирање, а веднаш откако му беше потврден позитивниот резултат го напушти хотелот, без да има контакт со останатите лица од репрезентацијата, стручен штаб или фудбалери.

За жал, позитивен сум на корона вирус и ќе мора да поминам одреден период во карантин. Немам симптоми, но принуден сум да бидам изолиран од соиграчите во следниот период. На репрезентативните колеги им посакувам многу среќа и успех во намерата да се избориме за пласман на Европско првенство. Јас ќе бидам еден од најголемите поддржувачи – вели Божиновски за веб-страницата на ФФМ.

Селекторот на македонската репрезентацијата, Игор Ангеловски нема да повика друг голман за натпреварот со Грузија, но остава отворена можност тоа да го направи за дуелите од Лига на нации против Естонија и Ерменија.