Плејмејкерот на Шарот хорнетс, Кемба Вокер, постигна рекордни за него, но и за неговиот клуб 60 поени, но тоа не беше доволно „стршлените“ да дојдат до победа против Филаделфија севентисиксерс. Вокер, кој имаше и седум скокови, четири асистенции и четири украдени топки, погоди 21 од 34 шутеви (6 од 14 за три поени), а ги погоди и сите 12 слободни фрлања.
За жал на Вокер и на Шарлот, таквиот перформанс беше засенет од новата ѕвезда на Филаделфија, Џими Батлер, кој на три стотинки до истекот на продолжението погоди шут за три поени, со што го донесе и конечниот триумф на Филаделфија од 122-119.
JIMMY BUCKETS CALLED GAME@JimmyButler | #HereTheyCome pic.twitter.com/Yl5w9taEqr
— Philadelphia 76ers (@sixers) November 18, 2018
Резултати од синоќешните натпревари
Шарлот – Филаделфија 119-122 (прод.)
Бруклин – ЛА Клиперс 119-127
Орландо – ЛА Лејкерс 130-117
Њу Орлеанс – Денвер 125-115
Бостон – Јута 86-98
Чикаго – Торонто 83-122
Хјустон – Сакраменто 132-112
Далас – Голден Стејт 112-109
Феникс – Оклахома сити 100-110
Индијана – Атланта 97-89
Comments are closed for this post.