Романската тенисерка Симона Халеп, која го освои трофејот на годинашното издание на Вимблдон, постави нов рекорд во финалниот меч против Серена Вилијамс. Таа имаше само три неизнудени грешки.

За Халеп, вчерашниот трофеј беше прв на Вимблдон и втор од Гренд-слем турнирите.

Минатата година таа го освои Ролан Гарос.

Последниот рекорд го држеше канадската тенисерка Ежени Бушар. Таа во финалето на натпреварот против Петра Квитова во 2014 година, имаше непринудено погреши четири пати. Сепак, Канаѓанката го загуби овој меч со 0-2 во сетови