Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на поразот од Лајпциг (2:3) синоќа во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
– Штом го примивме вториот гол, Лајпциг почна да игра на контранапади и таквиот тек им одговараше. Првите два гола се покажаа решавачки. Лајпциг го презеде натпреварот во свои раце, изјави Анчелоти.
И покрај поразот, Реал Мадрид е водечки во својата група со 10 бода и обезбедено учество во осминафиналето.
Лајпциг има 9 бодови и е втор на табелата
Comments are closed for this post.