Скромниот италијански фудбалски клуб, Виртус Виченца, што се натпреварува во третата лига, се најде во центарот на огромен сексистички скандал. Тоа дојде по одлуката на сопственикот на клубот и бизнисмен во областа на модата, Ренцо Росо, да ги замени момчињата што собираат топки околу теренот, со оскудно облечени девојчиња.
Станува збор за девојчиња на возраст од 15 и 16 години, членки на клупската одбојкарска секција, коишто по одлуката на Росо да бидат на теренот за време на натпреварите се соочуваат со недолични мачистички коментари од публиката или на социјалните мрежи.
Тоа беше причина за Националната асоцијација на спортисти на Италија остро да реагира на таквата одлука и ја повикаа италијанската фудбалска федерација да биде максимално строга и во експресен рок да реагира и да стави крај на ваквиот „понижувачки спектакл за сексуализација на малолетници“.
Ogni volta pensiamo di aver visto male, di esserci sbagliate e invece, approfondendo le cose, non solo le vicende sono…
Posted by Assist – Associazione Nazionale Atlete on Tuesday, September 18, 2018
Comments are closed for this post.