Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес е задоволен од стартот на светското првенство. Сепак истакнува дека најголемите предизвици допрва претстојат. Натпреварите против Хрватска, Шпанија и Исланд. Утре играме против Хрватска.

Задоволен сум, имаме две победи на стартот. Не беше лесно против Бахреин, тие имаат добра одбрана која ни создаваше проблеми. Но мора да бидеме задоволни од досегашното, иако знаеме дека вистинските предизвици допрва доаѓаат. Сите знаеме која е Хрватска, тие се селекција која има од најдобрите ракометари во светот и има амбиција да се бори за медела. Имаме почит кон нив, но ќе си ја бараме нашата шанса. За да успееме против нив, треба да одиграме добра одбрана како денеска против Бахреин, и добар напад како против Јапонија, изјави Гонзалез.