Еден натпревар ја дели женската ракометна репрезентација на Македонија од пласман во баражот за Светското првенство кое во 2019 година ќе се одржи во Јапонија.
По втората победа на квалификацискиот турнир кој се одржува во салата Борис Трајковски против Исланд со 29:21 на избраничките на Симевски им останува уште натпреварот против Турција. Утре од 20:00 часот. Ристовска со 9 и Саздовска со 7 голови беа најефикасни во дуелот со Исланд.
Претходно во првото коло македонскиите репрезентативки беа поуспешни и од Азербејџан.
Comments are closed for this post.