Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ, е првиот голем трансфер во 2019 година. Тој ќе го смени црно-жолтиот дрес на Борусија за синиот на Челзи, а тој трансфер ќе ги чини англичаните 64 милиони евра.
Сепак, двата клуба се договорија 20-годишниот крилен фудбалер да ја заврши сезоната во Германија и да стане член на клубот од Лондон од почетокот на наредната сезона.
Кристијан не сакаше да го продолжи договорот со нас и имаше желба да игра во Премиерлигата – изјави спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк.
Пулишиќ е американски фудбалер со хрватско потекло чии најизразени карактеристики се играта еден на еден, брзината и промената на ритмот.
Comments are closed for this post.