По три ипол годишна пауза, Предраг Самарџиски повторно се враќа во МЗТ Скопје Аеродром. Триесет и две годишниот центар, висок 2015 цм, потпиша договор со тимот со важност до крајот на сезоната, соопштија од клубот од Аеродром.
Тој настапуваше за „металците” во сезоната 2014/15 во која дојде до шампионската титула. Две сезони беше кошаркар на Мега Лекс, додека во „Јане Сандански” доаѓа како слободен агент и се очекува да ја пополни празнината во рекетот поради подолгото отсуство на Љубомир Младеновски.
Самарџиски кариерата ја почна во екипата на Водњански лисици, а потоа замина во Партизан во Белград. Досега има играно и за екипите на ФМП, Црвена звезда, Литвос Ритас, Олин Едирне, Мерсин, ТЕД Анкара и Бујукчекмече.
За репрезентацијата на Македонија започна да игра во 2008 година, а последниот настап во „жолто-црвениот” дрес го имаше на ЕП 2015 година во Загреб.
Comments are closed for this post.