Maкедонија вечерва во 20 и 45 го игра натпреварот против Бугарија во последното коло од Лигата на Нации. Капитенот на гостите Десподов очекува победа.
Јасно е дека денеска ќе има тензии, но нас не треба да ни биде гајле што пишуваат новинарите или што се зборува. Ние мораме да бидеме повеќе мотивирани и како што кажав во Разград ние на овој дуел гледаме само како натпревар, за Македонците е нешто што повеќе“.
На прес-конференцијата вчера пред натпреварот се обрати селекторот Благоја Милевски.
„Промени дали ќе има не би говорел. Очекувам како и на секој натпревар да се потрудиме да победиме. Што ќе донесе играта ќе видиме. Момците се спремни да покажат дека незаслужено загубивме во Тбилиси.
Што се однесува до Бугарија, ја анализиравме, но со многу проблеми. Тие имаат нов селектор и многу нови играчи, а тоа е непознаница. Сепак, ние мора да се концентрираме на нашата игра. Само тројца од првиот меч се тука, а особено и младите играчи кои првпат се во составот, поседуваат квалитет, јас гледам на тоа како противникот функционира како тим. Ни претставува мал проблем бидејќи немаме многу материјал за анализа, но коцентрацијата и фокусот на нашата работа не се сведува само на кратки патеки. Имаме стратегија, тоа е создавање на тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години. Здравствениот билтен ќе биде појасен по денешниот тренинг кој претстои. Што се однесува до теренот, тој не е во многу добра состојба. На мое барање стадионот триесет дена не се користеше.
Да бидеме јасни, политиката е на страна, ние сме спортски работници и не интересира само тоа. Мора да најдеме начин да победиме на теренот. Јас по дуелот во Бугарија се заблагодарив на домаќинот за дочекот, а од наша страна ќе биде вратено тоа тука. Нè интересира само спортскиот аспект. Цврсто сум убеден во мојот личен став и на федерацијата дека гледаме само на спортот. И јас ја повикувам публиката да биде фер и коректна“, изјави Милевски.
Comments are closed for this post.