Само уште една победа ја дели генерацијата 2009 на ФК Кул Кисела Вода до пласман на завршниот турнир во Детската лига. Утрово, екипата која е предводена од Марко Арсовски во рамките на 1/4 финалето на екипи кои доаѓаат од скопско-кумановскиот регион, беше подобар во дуелот против Њу Старс. Победата беше изразена со резултат 2:1.
Јован Гиевски беше играчот кој денес ги постигна двата гола, првиот беше после изведен слободен удар на Матеј Ивановски од средината на теренот, Гиевски беше играчот кој малку ја допре топката доволно да заврши во противничката мрежа.
Истиот играч имаше можност да го зголеми резултатот, со удар од белата точка, но немаше среќа и ја погоди пречката. Резултатот 1:0 беше актуелен на полувреме.
Во второто полувреме исто така бea подобри на теренот, а Јован Гиевски со феноменален погодок го зголеми водството на 2:0.
Се играше последната минута од натпреварот, кога противникот намали на 2:1, резултат кој беше и конечен на овој натпревар.
Утре во рамките на 1/2 финалето ќе се сретнат со екипата на Форца, последната пречка за пласман на завршниот турнир.
Comments are closed for this post.