Францускиот играч за врска Пол Погба, кому идниот месец му истекува договорот со Манчестер јунајтед, се очекува да ја продолжи кариерата во својот поранешен клуб Јувентус, пренесуваат англиските и италијанските медиуми.

Французинот веќе подолго време поради повреда не е во составот на Јунајтед, а со месеци наназад е познато дека нема намера да ја продолжи соработката со премиерлигашот.

Како нова дестинација се споменува Јувентус, поранешниот клуб на Погба за кој настапуваше од 2009 до 2016 година, кога за 105 милиони евра мина во редовите на Јунајтед.

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека Погба треба да потпише три годишен договор и да заработува седум милиони евра по сезона