Германскиот ски-скокач Пиус Пашке е победник на вчерашниот натпревар од Светскиот куп во Висла, Полска.

Пашке стигна до третата победа сезонава со скокови од 136 и 133,5 метри, односно со 298,6 поени. Австриецот Јан Херл го освои второто место со скокови од 135 и 134 метри (290,1 поени), додека третото место му припадна на неговиот сонародник Стефан Крафт со скокови од 134 и 129 метри (286,1 поени).

По шест натпреварувања сезонава во генералниот пласман води Пашка со 476 бодови, втор е Австриецот Даниел Чофениг со 380 бодови, додека Херл е трет со 366 бодови.

Натпреварувањето во Светскиот куп продолжува следниот викенд во Титице-Нојштад, Германија