Без победник (0:0) заврши натпреварот меѓу Интер Мајами и Ал Ахли од Каиро со којшто ноќеска беше отворено Светското клупско првенство во фудбал.
Навивачите на стадионот „Хард Рок“ во Мајами ноќеска не видоа гол. Фудбалерот на египетскиот тим, Трезеге, промаши пенал во 43-тата минута.
Интер Мајами ќе го игра својот следен натпревар против Порто на 19 јуни, додека Ал Ахли ќе игра против Палмеирас истиот ден.
За денес на распоредот се уште две средби:
Баерн Минхен – Оукленд сити (почеток 18 часот)
ПСЖ – Атлетико Мадрид (21 часот).
Ова е прво Светско клупско првенство на ФИФА со 32 екипи
Comments are closed for this post.