Бугарскиот боксер, кој почина во меч во Шкодра, Албанија, се викал Борис Станчов, а не Исус Величков, како што беше соопштено од Бугарскиот боксерски професионален сојуз. Станчев се качил и влегол во рингот под име на Величков, јавуваат бугарските медиуми.

Самиот Величков, пак, со статус на социјалните мрежи изрази жалење за смртта на својот колега.

Почивај во мир, шампионе! Секогаш ќе те носам во срцето, напиша Величков.

Засега се уште не е јасно како дошло до смена на имињата и на документите. Целата ситуација треба да ја расчисти раководството на Бугарскиот боксерски професионален сојуз.

Не ми се верува дека е така, но ако излезе дека е вистина, тогаш тоа ќе биде престап без преседан. Немам објаснување. Документите, што се побарани за мечот во Албанија, се апсолутно уредни. Дојдоа со лична карта на Исус Величков и со неговиот пасош. За да учествува на натпревар од таков ранг, боксерот треба да има три документи-лиценца, што Исус Величков ја имаше, овластување и дозвола и медицинско уверение од Федерацијата. Тие документи беа на име на Исус Величков. Ако е вистина…тоа е недозволиво. На снимката е човекот на кого му  дадовме лиценца. Лиценцата е на име Исус Величков, изјави за БТВ новините, Венцислав Николов, кој е меѓународен боксерски судија и член на Управниод одбор на ББПС.

Бугарскиот боксер Борис Станчов имал 21 година и почина во болница во Албанија. Според локалните албански медиуми, тој не починал од нанесени удари во текот на мечот, туку од срцев удар. Се очекува обдукцијата да го даде конечниот збор.