Поранешниот тренер на Интер, Лучијано Спалети може да го предводи Милан, јавуваат италијанските медиуми.

Според „Газета дело спорт“ Милан“ преговара со Спалети и е на добар пат да се воспостави соработка. Страните треба да ги договорат не само условите на личниот договор, туку и условите за раскинување на договорот со Интер, кој сè уште важи, и покрај отказот, и се пресметува до 2021 година.

Актуелниот селектор на Милан, Марко Џампаоло е во опасност од оставка. Шеесет годишниот Спалети, пред Интер ги предводеше Рома (два пати), Зенит, Удинезе (два пати), Анкона, Венеција, Сампдорија и Емпол