Босанскиот фудбалер Огнен Врањеш конечно најде клуб. Играчот кој стана познат по порно скандалот со Јелена Карлеуша би можел да ја промени средината и да игра во соседството. За него е заинтересиран атински АЕК кој сака да го откупи договорот од Андерлехт.

И Огнен сака да си замине од Брисел по се што се случуваше околу неговиот приватен живот. Останува да се види дали новиот клуб ќе значи и враќање во репрезентацијата на Босна и Херцеговина.