Пит Маравич беше еден од најдобрите кошаркари на своето време, а зад себе има навистина филмска приказна со тажен, но нереален крај.

Популарниот „Пистол Пит“ беше Србин кој кариерата ја изгради во Америка, а почина од срцев удар на 5 јануари 1988 година.

Судбината сакаше славниот „Пистол Пит“ да го заврши животот со топката во раце на кошаркарскиот терен.

Пит Маравич играше кошарка со своите пријатели во Пасадена тој 5-ти јануари. Во еден момент паднал на земја и добил срцев удар. Легнат на земја, Маравич рече „Се чувствувам навистина добро“ и засекогаш се пресели во легендите.

Аутопсијата покажа дека неговата смрт била предизвикана од срцева мана која никогаш претходно не била дијагностицирана. Имено, утврдено е дека тој е роден со само една коронарна артерија наместо вообичаените две (немал лева коронарна артерија, што е многу ретка состојба).

Пит Маравиќ по потекло беше Србин. Неговиот дедо се преселил во Америка, а неговиот татко подоцна основал семејство таму, Пит останал да живее во САД. Од мали нозе покажа талент, постојано вежбаше и тренираше со репрезентацијата.