На езерото „Младост“ во близина на Велес ќе се одржи петтото издание на традиционалниот „Велешки пливачки маратон“.

Организатор е Општина Велес под покровителство  на  Пливачката федерација на Македонија со ЗГ „Клуб 28“ и Кајак Клубот „Бабуна“ од Велес.

Според најавената програма  во 10 часот е рекреативниот  пливачки маратон.   Во 12 часот стартува маратонот на 2,5 и пет километри во женска и машка конкуренција  кој е последен маратон од годинашниот Македонски куп во далечинско пливање.

Пливачкиот маратон ќе биде обезбеден од 20 спасители на вода од Општинскиот Црвен крст и 30 кајакари од велешките кајакарски клубови.

Организаторите за догодина најавија и учесници од странство