Бразилската фудбалска легенда Пеле на својот твитер профил напиша дека се чувствува многу подобро по третманот во болницата во Париз, каде беше примен заради уринарна инфекција.

„Ви благодарам на сите за грижата и љубовта. Антибиотиците делуваат, а резултатите од тестовите се добри. Се чувствувам многу подобро и мислам дека повторно би можел за заиграм“, напиша Пеле на твитер.


Пеле (78) хоспитализиран е превентивно на 2 април во болница во Париз откако присуствуваше на настан во главниот град на Франција заедно со фудбалската ѕвезда Килијан Мбапе.

Едсон Арантес до Наскименто познат како Пеле, кој на 17 години заигра со репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во 1958 година, освои три титули на Светските шампионати: 1958, 1962 и 1970 година.