Како што најавуваат од „Панини“, албумите со сликички ќе бидат откажани пред Европското првенство во Германија во 2024 година. Првиот албум со слики од фудбалери беше објавен пред Светското првенство во Италија во далечната 1970 година, а осум години подоцна, по повод Светското првенство во Германија во 1978 година, премиерата на изданието излезе во продажба ширум светот.

Панини постигна рекорден број продадени сликички во 2006 година кога се собираше албумот со сликички од Светското првенство во Германија. Тогаш беа продадени фантастични 800 милиони сликички.

Непосредно пред Европското првенство во Германија во 2024 година, Панини ќе го откаже печатењето на албуми и слики, но работата ќе ја преземе американскиот концерн „Топс“, кој ги откупи правата за тој турнир, како и Лигата на нации и Европско првенство за жени во 2025 година.