Дарко Панчев во интервјуто за „Спортски журнал“ вели дека по завршувањето на кариерата се двоумел дали да живее во Скопје или во Белград.
Како ја решивте дилемата?
– Тоа беа единствените два града во кои сакав да живеам. На младите денеска им објаснувам дека имавме одредени чувства кон клубовите. Во истата средина останавме најмалку четири години, денес играчите екстремно брзо менуваат клубови, го немаат тоа чувство. Сè е различно и некако материјализирано. Во наше време баравме да заработиме, но имавме одредени приврзаности кон клубот. Го избрав Скопје затоа што тука сум роден, моите пријатели од детството се едноставно тука и тоа веројатно имало влијание. Купив стан во Милано, ретко одев таму, не ме привлекуваше. Живееме најдобро на Балканот, да беа луѓето посреќни, да имаат подобри приходи, нема подобро место за живеење.
Comments are closed for this post.