Најдобриот македонски фудбалер Дарко Панчев е воодушевен од добрите игри на Црвена звезда пред стартот на Лигата на шампионите.

 

-Го гледав натпреварот против Фиорентина, навистина изгледа добро. За сето ова време што Звезда доминира и освојува титули, секогаш напредува и се подобрува. Одлично е што Звезда е директен учесник во Лигата на шампионите, не само за клупскиот и српскиот фудбал, туку и за фудбалот во регионот, но и за нас во Македонија. Терзиќ одлично си ја врши работат тоа се одразува и на теренот, но и на резултатите. Ќе уживаме во новата сезона – вели Панчев за „Информер“.