Нов пораз на Металург во Лигата на шампионите за простување пред своите гледачи. Овој пат подобар беше дански Силкеборг. Данците беа во водство во текот на целиот меч и рутински си одат од Скопје со победа 29-33.
Очигледно е дека овој тим на Металург нема сили да се натпреварува во Лигата на шампионите ни во послабите по квалитет групи.
Сега на овој тим му останува да се бори за што подобар пласман во СЕХА лигата а напролет и во домашното првенство каде ќе биде тешка битка за второто место со тимот на Еурофарм Работник.
Comments are closed for this post.