Оливија Дан е член на гимнастичкиот тим на Универзитетот во Луизијана. Тие морале да ангажираат телохранители откако Оливија била цел на неколку тинејџери кои ја нападнале.
Оливија настапувала на натпревар во Јута на почетокот на месецот, каде што избиле неколку инциденти откако тинејџери се втурнале кон неа во обид да ја допрат и да и добијат автограм.
Популарноста на Оливија и донесе инстант слава, но и проблеми.
Важи за една од најуспешните колеџ ѕвезди во САД, со заработка од околу два милиони долари годишно. Се разбира, најголемиот дел од тие приходи доаѓаат од спонзорски договори на социјалните мрежи ( има 7 милиони следбеници на Инстаграм).
Comments are closed for this post.