Репрезентациите на САД и на Србија денеска од 13 часот ќе играат меч за разигрување од 5 до 8 место на кошаркарското светско првенство во Кина.
Според сите прогнози, овој меч требаше да биде финале бидејќи двете репрезентации важеа за главни фаворити за златото.
Поголемо разочарување од слабиот пласман владее во српскиот тим каде речиси целиот прв тим е составен од НБА играчи. Од друга страна, селекторот на САД, Грек Поповиќ играше без главните ѕвезди кои не беа расположени за настап на СП.
Comments are closed for this post.