По убиството со претепување на хрватскиот ракометар Денис Тот, и по првичните информации од МВР и од КАРИЛ дека наводно на телото немало траги на насилство, полицијата конечно ги откри идентитетите на убијците.
Се работи за А.Ѓ. (28), K.Л. (19) и А.К. (22) од Скопје. Тројцата го нападнале Тот и го удирале по главата, при што тој паднал на асфалт. Убиството се случило пред клубот Привилиџ во Градскиот парк каде Тот се забавувал во средата вечер.
Зошто дури два дена се даде да избегаат дел од сторителите на грозоморното убиство? Дали се вистина информациите дека власта на СДСМ и ДУИ кријат лица припадници на еден нарко картел близок до Спасовски, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Вистиномер, едно од трите лица што го нападнале Тот е девојка. Порталот тврди дека на снимките се гледа како Тот им се обраќа на момче и девојка кои излегуваат од клубот, по што момчето му удира шлаканици и го соборува на земја. Девојката потоа го клоца Тот во главата, по што двајцата побегнале.
Comments are closed for this post.